Мајката на петгодишната Сара и деветгодишната Валентина, кои загинаа во трагедијата кога се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, вели дека не сака протести, туку да ги оплакува своите деца во мир, пренесуваат српските медиуми.
– Се прашуваа каде е мајката.Немав сила да дадам изјава, но ако можам да кажам нешто, би рекла да престанат са се мешаат во таа трагедија за политички цели, само сакам моите деца да почиваат во мир и јас како мајка, да може да ги оплакувам во мир – рече таа во емисијата „Кога тагата зборува“ на ТВ Прва.
Семејството Фириќ во првата исповед по трагедијата во Нови Сад, во која загубија три члена – петгодишната Сара, деветгодишната Валентина и нивниот дедо, педесет и тригодишниот Ѓорѓe, два месеци по трагедијата реши да зборува за денот кога започна бескрајната тага, но и за се што се случило потоа.
– Се уште се однесувам како да се таму, не сакам да го прифатам тоа. Тоа е нешто низ кое ниту една мајка, ниту една личност не треба да помине. Куќата е толку празна… Веднаш кажав дека умрев тој ден со моите деца, ова e само преживување. Многу сум горд на моите деца иако беа толку мали, беа толку зрели и секогаш ги учев да се грижат еднa за другa, а последните денови убаво си играа, никогаш не се скараа. Беа една покрај друга – изјави мајката Данијела Карановиќ.
Мајката на загинатите девојчиња вели дека се чувствува виновна затоа што ги пуштила девојчињата да одат на станицата.
– Можеби можев да ги спасам. Најлошото е што мојата Сара дојде токму претходната вечер, дојде ме поздрави и ме праша:
„Мамо, кој ќе умре утре?“ Да ја слушав тогаш, да и кажев на Сара, не зборувај, љубов моја, никој нема да умре… Од чиста мир, таа пријде. Тоа никогаш не може да се заборави. Како мајка морав да имам чувство дека нешто не е во ред – изјави мајката Даниела.
-Ја научив Тина да готви, таа постојано печеше, готвеше, се лутев што ги валкаше садовите, а сега би дала се за да ја имам тука. Жал ми е за нивниот дедо, тој беше добар човек, го сакаа, тој е таму, барем не се сами – додаде бабата, Валерија Божиќ.
– Беше исклучителен човек, последен пат го видов на денот на трагедијата. Ми се јави, дојде во фирмата, го прашав каде оди, ми рече дека ќе ги однесе децата, тоа е се – рекол нивниот дедо-вујко, Драгослав Фириќ.
![]()

