Изгоре домот на еден од најпознатите актери на Балканот во пожарите во Лос Анџелес

Во страотните пожари во Лос Анџелес изгорел и домот на познатиот актер Раде Шербеџија, објавија хрватските медиуми.

„Со денови се обидувам да дојдам до моите пријатели, но телефоните не работат. Успеав да стапам во контакт со Мирослав Тадиќ, тој засега е добро. Вели улицата им е како пуст остров, да не зборувам за другите, сѐ е изгорено, па тоа е катастрофа. Навистина ме потресе оваа катаклизма“, изјави Шербеџија.

Тој вели дека во куќата во Лос Анџелес живеел повеќе од десет години со семејството.

„Pacific Palisades, кој беше целосно опожарен, беше местото каде што живеев пред осум месеци додека снимав ТВ серија со Џеф Бриџис. Па, тоа е страшно, луѓето се целосно избезумени“, рече Шербеџија.

Loading