Кина не остана должна на Трамп: Ги зголеми царините за американска роба на 125 отсто

Кина објави дека ќе ги зголеми царините на американската роба на 125%, од досегашните 84%. Новите царини ќе стапат на сила утре.

Според кинескиот министер за финансии, оваа одлука е резултат на продолжените акциите на САД кои ја нарушуваат економската стабилност на Кина.

„Ако САД продолжат со нарушување на интересите на Кина, Пекинг ќе преземе контрамерки и ќе се бори до крај“, изјави министерството.

Оваа одлука следи по изјавата на Доналд Трамп кој најави пауза од 90 дена за воведување нови царини на повеќето земји, но сепак ги зголеми царините за Кина на 145%.

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, изјави дека Кина не се плаши од трговската војна со САД и дека нема да попушти под „неправедната репресија“.

„Нема победници во трговската војна, а спротивставувањето на целиот свет води кон изолација”, изјави Си во Пекинг.

Loading