Посетите на светски познати личности во Лошињ не се реткост, но вчера и денес особено внимание привлече поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, кој вчера околу пладне прошета по ривиерата во Мали Лошињ, Хрватска.
Во придружба на најблиските соработници и со дискретна заштита, вклучувајќи и локални полицајци, Клинтон уживаше во прошетка по лошињската ривеира и крајбрежјето Прико, штитејќи се од сонцето со капа со логото на претстојните Олимписки игри во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
Клинтон, денес 79-годишен, кој беше претседател на САД два мандата (од 1993 до 2001 година), по заминувањето од функцијата остана активен во меѓународната дипломатија и во политичката поддршка на Демократската партија.
![]()

