Црна Гора се соочува со серија пожари кои беснеат на повеќе локации, најраспламтени околу Подгорица и во селата Пипери и Кучи, каде пламенот зафати големи површини и загрози куќи. При гаснење пожар во Кучи, загина еден црногорски војник, а друг е тешко повреден.
Пожарите зафатија и делови од приморјето – Буљарица и Чањ, каде благодарение на канадери од Хрватска и Италија, кои исфрлија околу 300 тони вода, ситуацијата е ставена под контрола.
Поарникарите апелираат до туристите: ако слушнете звук од хеликоптер или канадер, веднаш излезете од морето зашто леталата собираат вода од таму за гаснење на пожарите.
![]()

