УЖАСНО патување со скопска агенција – „Деца и бебиња плачеа, а стари лица едвај се движеа…“

Туристи од Македонија преживуваат вистинска голгота на враќање од Истанбул. Како што дознва Скопје Инфо, 50 патници, вклучувајќи бебиња и стари лица, оставени се на автопат во Грција повеќе од 14 часа, без вода, храна и основни услови за безбедност.

„Никој не доаѓа да им помогне“, вели патник за Скопје Инфо.

Според информациите до кои дојде Скопје Инфо, станува збор група патници кои патуваат од Истанбул кон Македонија со автобус на агенцијата: ГАНИЌ ЕКСКЛУЗИВ ДОО експорт-импорт Скопје.

„Автобусот се расипа во Турција и таму чекавме 5 часа за поправка. Не ни беше пружена никаква помош, а мајсторите изјавија дека автобусот не е безбеден за возење. Сопственикот на агенцијата, Армин Ганиќ, ги принудуваше патниците да се качат во неисправниот автобус, кој имаше проблем со моторот и течеше вода. Деца и бебиња плачеа, а стари лица едвај се движеа. Сопственикот ни се закануваше дека ако пријавиме, ќе бидеме оставени на пат и нема да можеме да пристапиме во нашата родна Македонија“, сведочи патникот кој сакаше да остане анонимен токму поради овие причини.

Loading