Gраничниот премин Богородица – Евзони од вчера вечер од 19 часот е целосно затворен за сите типови возила, поради блокади поставени од грчките земјоделци, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот кон Грција преку овој премин е во целосен прекин, а засега нема информации кога би можел повторно да се отвори. Сообраќајот на ГП Меџитлија (НИКИ) и ГП Дојран се одвива нормално.
Од македонска страна, на останатите гранични премини нема подолги задржувања, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по претежно суви коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.

![]()

