ЕВЗОНИ (Богородица) повторно ОТВОРЕН: Сообраќајот нормализиран по протестите на грчките земјоделци

Граничниот премин Евзони, односно ГП Богородица од грчка страна, од 21:00 часот повторно е отворен за сообраќај и движењето на возилата се одвива без ограничувања, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Преминот беше повремено блокиран изминатите денови поради протестите на грчките земјоделци, кои го изразуваа своето незадоволство од владините мерки за земјоделскиот сектор. Блокадите предизвикаа застои и прекини во сообраќајот, особено за товарните возила.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по претежно суви коловози, а надвор од градските средини интензитетот е умерен.

Од АМСМ апелираат возачите да управуваат внимателно и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, со посебно внимание на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ризични делници се Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Loading