Во две одделни полициски контроли спроведени вчера на автопатот Табановце–Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на МВР уапсија две лица и запленија поголема количина недокументирана стока.
Во првиот случај бил сопрен патнички автомобил „Голф“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.И. (38) од Куманово. При контролата во возилото биле пронајдени 272 парчиња разновидна брендирана стока без соодветна документација. Стоката е одземена, а возачот лишен од слобода.
Во вториот настан, полициските службеници сопреле автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управуван од Б.С. (41) од Скопје. При прегледот биле откриени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат, исто така без документација. Возилото и алатот се одземени, а лицето е уапсено.
По целосно документирање на случаите, против уапсените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
![]()

