Украинскиот претседател Володомир Зеленски ноќеска одржа критична видео средба со десетина европски земји, Канада, претставници од Европската комисија и НАТО, пред неговата билатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Флорида.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека лидерите на Европа му дале целосна поддршка на Украина и ја нагласиле соработката со САД за постигнување одржлив и праведен мир во Украина. Претседателот Емануел Макрон истакнал дека Европејците мора да бидат целосно вклучени во дискусиите, а нова средба на „Коалицијата на подготвените“ е закажана во Париз во јануари.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека сите дипломатски напори се насочени кон „праведен и траен мир што ќе го зачува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“.
Зеленски истакна дека Украина нема да прифати капитулација или диктиран мир со Москва, и додаде дека безбедносните гаранции ќе бидат клучни во секој мировен план, вклучувајќи ја рамката од 20 точки што ја презентираше претходно оваа недела.
![]()

