НИКОЛОСКИ ПОКАЖУВА КАКО СЕ РАБОТИ: НОЌНО ВИДЕО ОД ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОН ПЕЛАГОНИЈА

РЕАЛНИ ПРОЕКТИ, РЕАЛНИ ПРИДОБИВКИ

Министерот за транспорт Александар Николоски, со уште една визионерска и државничка објава, вчера сподели импресивно ноќно видео од експресниот пат Градско–Дреново (Прилеп), испраќајќи силна порака за напредок, безбедност и модерна инфраструктура. Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление – Водици, Николоски уште еднаш покажа зошто е препознаен како најдинамичниот и најпосветениот министер за транспорт во современа Македонија.

Со овој современ експресен пат, градовите Прилеп, Битола, Ресен, Могила, Новаци, Крушево и цела Пелагонија се значително поблиску до главниот град Скопје, а патувањето е побрзо, побезбедно и поудобно од кога било.

https://www.facebook.com/watch/?v=1171348341436573

„Со овој експресен пат, Пелагонија добива инфраструктура каква што заслужува. Се гради Македонија што поврзува, Македонија што се движи напред. За многу години!“, порача Николоски.

Инфраструктура што менува животи

Под водство на Николоски, транспортната политика добива реални резултати, а експресниот пат Градско–Дреново е симбол на новата ера на развој, економска поврзаност и зголемена безбедност во сообраќајот. Ноќното видео јасно ја прикажува модерната сигнализација, квалитетниот коловоз и целосно новиот стандард на патување.

Loading