МОЛК ЗА ЗАЕВ, ПРАЗНИ ФРАЗИ И ШТЕТНИ ПОЛИТИКИ – критикуваат од ВМРО – ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција до медиумите го оцени говорот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на 31. Конгрес на партијата како „празен и без суштина“.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Филипче во отчетниот говор не дал одговор зошто СДСМ е петта политичка сила во Скопје и трета на ниво на Македонија, ниту пак се оградил од, како што велат, катастрофалното наследство на неговиот ментор Зоран Заев.

„Филипче не кажа ниту еден лош збор за Заев. Не понуди објаснување зошто СДСМ сервираше услуги кон Бугарија и Грција, го прифати францускиот предлог и склучи штетен договор со Бугарија“, се наведува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека Филипче не дал одговор ниту за, како што велат, контрадикторната надворешна политика на СДСМ.

„Не објасни зошто неговата партија истовремено ги напаѓа Соединетите Американски Држави и води политичка војна со Обединетото Кралство, додека Македонија ја турка во изолација и нестабилност“, стои во соопштението.

Во заклучокот од реакцијата, од ВМРО-ДПМНЕ иронично наведуваат дека за нив нема подобро решение од Венко Филипче како лидер на опозицијата.

„Проблемот е што Филипче не е решение за граѓаните, туку е штетен за Македонија и нејзините национални интереси“, порачуваат од партијата.

Loading