СДСМ прашува: Како 5 тони дрога ја поминаа македонската граница и кој е одговорен?
Помина цела недела од објавувањето на сериозниот картелски скандал со 5 тони дрога од Македонија, која беше запленета во соседна Србија, а јавноста сè уште не доби одговор на клучните прашања – како толкава количина дрога поминала преку македонската граница и кој ќе одговара?
На прес-конференција, генералниот секретар на СДСМ, Саша Димитриевиќ, посочи дека нема приведени, нема осомничени, туку само обиди за дефокус од страна на власта.
Од јавно објавените фотографии може да се види дека дрогата била пакувана во големи картонски кутии (60×40 см), со по 4 до 5 килограми марихуана во најлонски кеси. Тоа значи десетици, можеби и повеќе камиони или шлепери кои морале да ја поминат границата.
Се поставува прашањето: како е можно тоа да се случи без логистика, заштита и поддршка од врвот на власта?
Од Скопје до Табановце има 48 километри со полициска, гранична и царинска контрола.
Каде се камерите на „Safe City“?
Каде е полицијата?
Каде се екипите на Мобилна царина и контролите?

СДСМ директно ги посочува: Мицкоски, Тошковски, Тарчуловски, Бобан Николовски, како и началници, раководители, инспектори и службеници – кој дозволил 5 тони дрога да ја минат границата?
Дополнително, медиумите во Србија објавија дека случајот е поврзан со владејачки структури и функционери, како и со сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ – СНС.
Случајно?
Од МВР нема одговор како дрогата ја напуштила државата, но паралелно се објавува дека во Македонија биле запленети 40 тони канабис. Ако тоа е точно, тогаш повторно се поставува прашањето: како со години било дозволено нелегално производство и складирање марихуана?
Кои институции потфрлиле – МВР, Министерството за здравство, Земјоделие, инспекциските служби?
СДСМ порачува:
Одговорност мора да има – од прв до последен, па сè до врвот на власта.
Нема дефокус, нема замена на теми.
Клучното прашање останува: кој дозволи 5 тони дрога да поминат низ државата, царината и полицијата, и да завршат во Србија?
🎥 Видео од прес-конференцијата можете да погледнете тука:
👉 https://youtu.be/C2jFH6TVGpg
![]()

