МЕЛОНИ БОМБА ПРОТИВ ЕУ: „ЦАРИНИТЕ СО САД СЕ ГОЛЕМА ГРЕШКА! САКАМЕ ЦЕЛОСНА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА СО АМЕРИКА СЕГА!“

Италијанската премиерка Џорџа Мелони во интервју за „Блумберг“ повика на создавање зона на слободна трговија меѓу ЕУ и САД, нарекувајќи ги царините меѓу двете страни „грешка“. Таа предлага целосно укинување на царините и либерализација на трговијата како одговор на актуелните трансатлантски трговски тензии предизвикани од новите американски тарифи.

Ова доаѓа откако Врховниот суд на САД делумно ги ограничи овластувањата на претседателот Трамп за воведување реципрочни царини, по што САД воведоа дополнителна глобална царина од 10%, што ги погодува околу 4,2 милијарди евра извоз од ЕУ, вклучително и значителен дел од италијанските производи (САД се втор најголем пазар за Италија).

Мелони истакна дека Европа треба да оди во „спротивна насока“ од нови царини и да работи на продлабочување на соработката, повикувајќи на рестартирање на преговорите за слободна трговија (кои беа прекинати во 2016 година поради несогласувања, особено околу земјоделството).

Loading