ТИВКО, НО МОЌНО: МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО НОВО ПАРТНЕРСТВО – ШТО СЕ КУПУВА?

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е потпишан договор со Република Турција, чија цел е продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји.

„Точно е тоа дека го потпишавме тој договор со Република Турција. Целта на договорот е продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете земји, нешто што претставува и наша стратешка цел. Во рамките на тоа партнерство што го потпишавме, веќе се засилени контактите“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека значаен дел од турските компании кои доаѓаат како потенцијални инвеститори во Македонија веќе се прифатени од институциите и дека дел од нив ги започнуваат инвестициите или се во фаза на почеток на реализација.

Според премиерот, со потпишувањето на договорот, се интензивирала соработката и во делот на одбраната.

„Тој договор не беше потпишан долго време. Со доаѓањето на оваа влада, тој договор се подпиша и во рамките на тој договор се интензивираше соработката и на полето на одбраната. Министерството за одбрана, како и Армијата, заедно со соодветните институции во рамките на владата на Турција, соработуваат непосредно. Вршиме набавка на одбранбени системи, истовремено обучуваме кадри, истовремено дел од турските претставници се исто така присутни тука во Македонија“, рече Мицкоски.

На крајот, тој оцени дека со доаѓањето на актуелната влада, во голема мера се засилила билатералната соработка меѓу Македонија и Турција, како во економијата, така и во одбранбениот сектор.

Loading