ТИВКА КАТАСТРОФА? „ОТСТАПКИ БЕЗ НИШТО ЗА ВОЗВРАТ“ – КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ЗАКОЧЕНИОТ ЕУ ПАТ?!

Шефот на македонската дипломатија, Муцуниски, во телевизиско гостување на Алсат упати остри критики кон политиките на СДСМ, оценувајќи дека тие донеле сериозни национални отстапки без конкретни резултати на европскиот пат на државата.

Тој истакна дека и по осум години од носењето на тие одлуки, Македонија сè уште не ги започнала преговорите за членство во Европската Унија, што, според него, најдобро говори за ефектите од тогашната политика.

„Осум години по тие отстапки, односно веќе се приближуваме кон десет години, државата сѐ уште нема започнато преговори со Европската Унија. Оттаму, резултатот од нивната политика најдобро се гледа преку она што го направиле и она што го постигнале“, изјави Муцуниски.

Тој додаде дека СДСМ како политички субјект нема кредибилитет да предлага надворешнополитички решенија и смета дека треба да се извини за, како што вели, грешките од минатото, како и да даде поддршка на актуелната влада.

Муцуниски нагласи дека државата внимателно ги следи сите дебати во рамки на европските институции, особено оние што се однесуваат на иднината на проширувањето.

„Наш главен стратешки приоритет останува отворањето на преговорите за членство и што побрзо полноправно членство во Европската Унија“, подвлече министерот.

Во однос на евентуалните нови методологии за проширување, тој потенцира дека за каква било промена е потребен консензус меѓу земјите членки на Унијата.

„Постојат различни идеи за иднината на политиката за проширување, но во овој момент нема консензус за ниту едно од тие алтернативни решенија“, заклучи Муцуниски.

Loading