ЖЕРНОВСКИ – НОВАТА „СИЛА“ ВО СДСМ: БЕЗ ЛАГИ, СО ВЕТИНГ И СО СТАРО ДОБРО ПОЛИТИЧКО ДЕЖА-ВУ

Жерновски – новата „сила“ во СДСМ: без лаги, со ветинг и со старо добро политичко дежа-ву

Ако некој мислеше дека македонската политика веќе ги исцрпила сите можни „нови почетоци“, еве ни уште еден – овојпат со Андреј Жерновски како нов меѓународен секретар и член на ИО на СДСМ. Ново лице? Не баш. Нова енергија? Ќе видиме. Но сигурно – нова функција со старо ветување дека „работите ќе бидат поинакви“.

Во гостување во емисијата „Претрес со Ландов“, Жерновски порача дека не лаже во политиката и дека нема потреба од тоа.

„Не лажам во политиката, немам потреба. Верувам дека политиката е професија во која треба да се учествува. Сме се изнагледале примери на неказнување, но битката треба да продолжи. Што сѐ не успеале да ми најдат политичките противници, но немало ништо, тука сум“, изјави Жерновски.

Тој информираше дека на вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ се избрани нови кадри, при што е направена комбинација од искусни и млади луѓе – формула која, барем на хартија, секогаш звучи ветувачки.

Дополнително, Жерновски најави и иницијатива за ветинг:

„Предлагаме ветинг на сѐ што е стекнато финансиски од политичари и судии години наназад“, рече тој.

Дали ова е почеток на вистинска промена или само уште една политичка реприза со нов наслов – останува да покаже времето.

Loading