СКРИЕНАТА ОПЦИЈА: ПОЛИТИЧКИОТ ФАКТОР ШТО НЕ СЕ МЕРИ, А МОЖЕ ДА ИЗНЕНАДИ

Не е исклучено дел од овој „тивок“ корпус да се ориентира кон политички субјект или фигура која или не се нуди експлицитно во анкетните прашања, или намерно се маргинализира во рамките на стандардните листи. Во таков случај, анкетата не ја регистрира поддршката, туку ја оттурнува во категоријата „неопределени“ или „не сакаат да кажат“. Токму таму може да се акумулира потенцијал што во одреден момент ќе се појави како изненадување.

Практично 50% од граѓаните избираат некој од понудените лидери, а 50% се надвор од понудата или не сакаат да се изјаснат.Половина од електоратот е „тивок простор“ – потенцијално отворен за нов или недоволно измерен политички фактор.

Анкетите, особено кога не се врзани за конкретно закажани избори, не ја мерат само политичката сила, туку и тишината меѓу редовите. Токму таму, во тие „не знам“, „не сакам да откријам“ и „нема да гласам“, се крие можеби најважната порака од ова истражување. Не станува збор само за апатија, туку за простор во кој очигледно постои скриено преиспитување и потенцијал за поинаков политички избор.

Од објавена анкета која е спроведен од 02 до 18-ти Март, на прв поглед, бројките се јасни – ВМРО-ДПМНЕ води, а Христијан Мицкоски е прв по доверба.

Она што навистина ја дефинира политичката слика не се партиите, туку граѓаните што стојат на страна. Голем дел од испитаниците велат дека нема да гласаат, значителен процент се неопределени, а дел одбиваат да го откријат својот избор. Но оваа „тишина“ не треба да се чита како празнина. Напротив, таа сè повеќе наликува на тивко преориентирање – процес во кој гласачите ја напуштаат старата политичка лојалност, но сè уште не ја избрале новата.

Фактот што толку многу граѓани не сакаат јавно да се изјаснат може да укажува на постоење на потаен електорат. Тоа се гласачи кои размислуваат за опции што не се доминантни, или едноставно не се подготвени да го артикулираат својот став во средина со ниска доверба и висока политичка поларизација. Но уште поважно, ова отвора дилема дали понудата што се мери во анкетите воопшто ја опфаќа целата реална политичка динамика.

Не е исклучено дел од овој „тивок“ корпус да се ориентира кон политички субјект или фигура која или не се нуди експлицитно во анкетните прашања, или намерно се маргинализира во рамките на стандардните листи. Во таков случај, анкетата не ја регистрира поддршката, туку ја оттурнува во категоријата „неопределени“ или „не сакаат да кажат“. Токму таму може да се акумулира потенцијал што во одреден момент ќе се појави како изненадување.

Ова се потврдува и преку односот кон политичките лидери. Иако Мицкоски води по доверба, клучниот податок е дека најголем дел од граѓаните не веруваат во ниту еден лидер. Тоа не е само критика кон поединци, туку сигнал за подлабока системска недоверба. Во таква атмосфера, секој нов политички наратив или нова фигура има простор да се наметне – не затоа што е нужно посилна, туку затоа што постои празнина што чека да биде пополнета.

Дури и оние што велат дека нема да гласаат не треба да се гледаат како трајно изгубени за политичкиот процес. Напротив, тие често се најподложни на промена, особено ако се појави понуда што ќе ја пробие нивната скепса. Апстиненцијата во овој случај повеќе личи на пауза отколку на конечна одлука.

Тивкото преориентирање станува клучната линија што ја дефинира оваа анкета. Под површината на бројките, каде што се редат проценти и формални водства, се наоѓа електорат кој не е ниту цврсто определен, ниту целосно апатичен, туку внимателно ја преиспитува својата позиција. Токму затоа политичката битка, доколку изборите би се одржале сега, не би се водела само меѓу познатите актери, туку и за овие гласачи кои засега не зборуваат гласно, но можат да одлучат тивко. Во нивната воздржаност има повеќе политичка тежина отколку во јавно искажаните определби, бидејќи тие не се врзани, не се предвидливи и токму затоа се пресудни.

Затоа, вистинското прашање не е кој води во моментот, туку кој ќе успее да го препознае и мобилизира овој тивок, но одлучувачки дел од електоратот. Во спротивно, ќе продолжиме да гледаме анкети со јасни бројки, но со сè понејасна политичка реалност – во која најголемото изненадување можеби веќе постои, но сè уште не е поставено како прашање.

Loading