НОВ ПОЛИТИЧКИ СОЈУЗ? ЛЕВИЦА, СДСМ И ДУИ ДЕЈСТВУВААТ СИНХРОНИЗИРАНО?!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски реагираше на интерпелацијата поднесена од Левица, оценувајќи дека станува збор за политички мотивиран потег кој, според него, ја покажува координацијата меѓу опозициските партии Левица, СДСМ и ДУИ.

Во својата објава, Тошковски посочи дека интерпелацијата не претставува вистинска грижа за состојбите во државата, туку обид за попречување на процесите насочени кон справување со криминалот, корупцијата и неказнивоста.

Тој нагласи дека ја почитува интерпелацијата како демократско право на опозицијата и најави дека на сите обвинувања ќе одговори со аргументи пред пратениците и јавноста. Според него, граѓаните имаат можност сами да проценат кој работи во интерес на институциите, а кој води политички кампањи.

Тошковски истакна дека Левица, која со години се претставувала како алтернатива на традиционалните политички партии, денес со своите потези практично им оди во прилог на СДСМ и ДУИ. Тој оцени дека наместо конкретни решенија и политики, партијата се насочила кон политички конфронтации и создавање тензии во јавноста.

Министерот додаде дека ќе продолжи со активностите за зајакнување на безбедноста и владеењето на правото, нагласувајќи дека резултатите од работата на институциите ќе бидат најдобриот одговор на политичките обвинувања.

Од друга страна, Левица ја образложи интерпелацијата со обвинувања за селективна правда, непрофесионално работење на полицијата, опструкции во истражни постапки и судир на интереси во работењето на Министерството за внатрешни работи.

Loading