ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ПРЕД ВРАЌАЊЕТО НА ГРУБИ? Ахмети откри непознати детали

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, откри дека лично побарал Артан Груби да се врати во Македонија и да се соочи со постапката што се води против него. Во интервју за РТВ21 во Приштина, Ахмети нагласи дека одговорност мора да има доколку се утврди злоупотреба на неговата доверба.

Според Ахмети, пред враќањето му порачал на Груби дека ќе мора да одговара доколку постапувал спротивно на законот и ја изневерил довербата што му била дадена.

Како што раскажа претседателот на ДУИ, Груби го уверувал дека функцијата ја извршувал чесно, а неговиот единствен одговор на директно поставеното прашање бил: „Работев чесно“.

Ахмети истакна дека очекува случајот да биде расчистен преку правична и неселективна постапка. Тој порача дека не бара привилегиран третман за Груби, туку вистинска правда заснована врз факти и докази.

Лидерот на ДУИ изрази надеж дека мерката домашен притвор ќе биде укината, по што постапката ќе продолжи и ќе се утврди дали постои одговорност за делата што му се ставаат на товар.

Loading