Според информациите на А2 Си-Ен-Ен, две повредени лица биле испратени во Универзитетската болница „Мајка Тереза“, додека трето лице е испратено во Санаториум, откако имало проблеми со дишењето од солзавецот.
Во меѓувреме, А2 Си-Ен-Ен дознава дека полицаец бил испратен во болницата за траума, но неговиот живот е надвор од животна опасност.
Државната полиција соопшти дека од протестот на опозицијата и од експлозивот фрлен на неколку точки во главниот град се повредени 10 полицајци.
„Од почетокот на митингот, дел од граѓаните на собирот со молотови коктели и експлозиви ја напаѓаа и продолжуваат да ја напаѓаат полицијата и зградите на државните институции. Досега 10 полицајци се повредени од нападите на граѓани на митингот, со молотови коктели, пиротехнички средства и силни предмети кон полицијата“, се наведува во соопштението, пишува А2 Си-Ен-Ен.
Форензичарите почнале акции за документирање и прибирање докази по експлозивот што бил фрлен кон канцеларијата на премиерот Еди Рама.
По кабинетот на премиерот, штабот на Социјалистичката партија и МВР, сите демонстранти пристигнаа во општина Тирана, каде веднаш се соочија со кордонот полициски сили, кој ја опколи зградата.
![]()

