„Кога некој ќе остане повеќе години на функција доаѓа до меѓусебно заситување меѓу човекот и спортот“, вели министерот за спорт Борко Ристовски за првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини. Во интервју за РСЕ оценува дека успехот на репрезентацијата оди во нагорна линија, но, за работењето на ФФМ е воздржан за коментар, бидејќи вели дека не ги знае деталите.
Господине Ристовски, навивачите ви го дадоа прекарот министер за одбрана, вие станавте министер за спорт. Освен што е нова институцијата, што ново ќе понуди за македонскиот спорт?
Разликата е огромна. Во прв миг делува дека е само едно министерство, а работите ќе останат исти. Тоа е баш напротив од сето тоа и таа констатација, затоа што кога имате министерство, самата институција е на едно повисоко ниво, едноставно сите спортисти, спортски работници ќе имаат свој дом каде да се обратат за сите проблеми и од било кој тип. Втор огромен плус е што сте дел од самата влада каде се креираат политиките на едно министерство и на спортот во кој правец треба да се движи спорот во нашата држава.
Ваша оцена како поранешен спортист и како функционер, каква е генералната состојба во македонскиот спорт – фудбал, одбојка, кошарка, на поединечно, клубско и репрезентативно ниво?
Генерално, во изминатите 10 години, спортот беше ставен во една позиција не можам да кажам ни потценета, пониско од потценета, бидејќи не се вложуваа доволно средства и не се размислуваше во капитални инвестиции во делот на спортот, коишто се основа на еден спорт, нити се водеше грижа за сите оние спортисти кои што беа успешни, многу малку или беа таленти на нашата држава. Така што во овој момент спортот во Македонија би го оценил како катастрофален или на многу ниско ниво, затоа што, едноставно ако се навратиме многу години наназад, освен поединечни блесоци, како што е освојувањето на таеквондистот Дејан Георгиевски, освојувањето на медал на Олимписките игри, поголеми резултати и да сме немале и во колективните и во индивидуалните спортови. Така да, кога се ќе се собере и одземе, мислам дека на спортот му треба еден комплетен рестарт и тоа е она кон кое што се стремиме и сакаме да го направиме.
Зошто не можеме да продуцираме како држава врвни спортисти, зошто не имаме потрага, на пример, по нови таленти?
Имаме потрага, таленти има многу, Македонија е доста талентирана нација за спорт, тоа можам да го потврдам. Меѓутоа, работата е колку вие ќе вложите во тие таленти, колку средства кои што ќе ги вложите, не е само колку средства ќе вложите, меѓутоа начин на кој што ги вложувате. Никој не се грижел за нив, никој не се грижел каде се трошат средствата, како се трошат, дали се трошат на вистински начин, не само дали имаат поткрепа за нивното трошење, меѓутоа дали се трошат во развој на спортот. Тоа е, мислам дека, една голема, огромна грешка на претходната власт, затоа што апсолутно немаше нити никаква контрола на трошењето на финансиски средства, нити што има државата како бенефит од сите тие вложувања.
Целото интерву прочитајте го на Курир – ОВДЕ
![]()

