ЕУ останува силен поддржувач на Македонија во нејзините евроинтегративни процеси, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на Скопје. Таа нагласи дека Брисел е подготвен да работи со земјата на исполнувањето на сите обврски поврзани со интеграцијата во ЕУ. И покрај предизвиците, фон дер Лајен испрати охрабрувачки пораки дека со заеднички напори пречките можат да се надминат.
Позитивни сигнали од Брисел , ЕУ ве поддржува
Посетата на фон дер Лајен доаѓа во критичен момент, кога прашањето за уставните измени во Македонија е во фокусот на политичката сцена. Предлогот на Владата за уставни измени со одложено дејство не беше одбиен од претседателката на Европската комисија, која го истакна значењето на соработката и дијалогот меѓу сите политички сили во државата.
„Скоро сме таму,“ изјави фон дер Лајен. „Знаеме дека уставните измени се обврска која вашата држава ја прифати, и сега ни треба заеднички напор, соработка и дијалог. Уверена сум дека пречките кои се уште постојат, ќе бидат надминати.“
Мицкоски: Македонскиот пат кон ЕУ е јасен
Премиерот Христијан Мицкоски, кој активно работи на лобирање во европските престолнини, изрази благодарност за поддршката од ЕУ и ја потврди посветеноста на Македонија кон полноправно членство во Унијата.
Според него, Македонија е подготвена да ги спроведе потребните реформи и да ги споделува европските вредности, но истовремено е важно ЕУ да ги почитува легитимните ставови на македонските граѓани.
![]()

