Македонија и Емиратите взаемно ќе ги признаат возачките дозволи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој од 24 до 27 ноември со делегација на Министерството е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, во Абу Даби на официјалната средба со министерот за внатрешни работи шеикот Саиф бин Зајед ал Нахјан потпишаа два меморандума за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот и за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи меѓу двете држави.

„Со желба за олеснување на движењето на граѓани кои поседуваат возачки дозволи издадени од соодветните надлежни органи на двете земји за време на посета или престој на територија на едната или другата држава веќе нема да имаат потреба од замена на возачките дозволи. Тоа значи дека и двете страни ги ослободуваат подносителите на барање за замена на возачката дозвола од теоретски и практични тестови и потреба од полагање во другата држава во категориите А, Б и БЕ. За повеќе од илјада македонски граѓани кои живеат во ОАЕ ова ќе значи значително намалување на трошоците. Меморандумот за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот отвара голем простор за соработка за брза размена на информации и спречување на кривични дела во спектарот од тероризмот преку организираниот криминал и корупција до спречување на трговијата со луѓе и мигранти, потенцираше министерот Тошковски на средбата“, соопшти МВР.

Loading