Фб статус на Петар Богојески:
АЛБАНЦИТЕ и УКИМ

На кого му беа потребни „етнички универзитети“???
Колку голема глупост е „албанска академија на науки“???
На фотографијата се моите колеги, доктори на науки при УКИМ, ректорката, декани и професори на Универзитетот. Од нив, околу 40% се наши граѓани од албанска етничка заедница и тоа највеќе девојки, а само една мислам беше од Косово. Друга колешка Албанка, стана доктор по македонска национална историја. Кој си учи, ќе докторира на секој Универзитет.
Етнички универзитети им се потребни на неписмените, за да штанцаат дипломи на принтер и да се пикаат по администрација. Етничка академија е потреба на шовинистите, за да глумат лажни академици и да заведуваат празноглави запаленковици да палат и газат државни знамиња.
На писмените Албанци не им требаат партиски универзитети во Мала Речица или во Велешта. Тие докторираат низ цел свет, па и на УКИМ.
Време е да започне процес на затворање на ИЗМИСЛЕНИ УНИВЕРЗИТЕТИ, поточно платени принтери за дипломи. Небитно дали се газдите Македонци, Албанци, Турци или било кој. Се по ред! Ако сакаме вистинско образование за нашите деца. Ако не, терајте како до сега!
#образование #цврстарака
![]()

