БРАВО ДРУЖЕ! Укини Интернет со Гугл, Инста, ФБ и Х и се онлајн
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека социјалната мрежа TikTok, во сопственост на кинеската компанија ByteDance, ќе биде блокирана во земјата најмалку една година, почнувајќи од почетокот на 2025 година.
Албанскиот премиер Еди Рама во саботата изјави дека социјалната мрежа TikTok, во сопственост на кинеската компанија ByteDance, ќе биде блокирана во земјата најмалку една година, почнувајќи од почетокот на 2025 година.
„ТикТок е како маалски силеџија“, рече Рама на состанокот во Тирана со наставници, родители и психолози Албанци, пренесува Бета.
Рама додаде дека TikTok ќе биде блокиран една година и дека во тој период ќе се спроведуваат програми кои ќе служат за „едуцирање на учениците и помош на родителите да го следат напредокот на нивните деца“
Ограничување за социјалните мрежи
Албанската министерка за образование Огерта Манастирлиу на завршната средба со родителите и учениците изјави дека повеќе од 80 отсто од родителите бараат ограничување на социјалните мрежи, пренесе Танјуг Сити Њуз Албанија (CNA).
„Во време кога технолошките предизвици се неизбежни, физичката и дигиталната безбедност се приоритет. За да ја зголемиме оваа безбедност, решивме да ја блокираме платформата TikTok. Исто така, преку проектот „Паметен град“ ќе инсталираме паметни камери, што ќе обезбеди поефективен надзор во училиштата и нивната околина“, рече Манастирлиу.
TikTok е видео платформа за кратки форми во сопственост на кинеската интернет компанија ByteDance.
Извор: Агенции
![]()

