Приведен е кртот што ја проби акцијата во Арачиново

Лицето Ќ.Б. е приведено поради сомневање за кривично дело „Оддавање службена тајна“, а станува збор за син на поранешен функционер од самиот врв на Министерството за внатрешни работи, велат од МВР.

Индициите засега се дека дека ја пробил акцијата која се спроведуваше неодамна во Арачиново, а потоа за тоа ги предупредил припадниците на кланот „Беланоца“.

Како што објави „Скопје1“, одземен му е и телефонот по претходна координација помеѓу МВР и Обвинителството,

Сомневањата на полицијата се дека токму од ова лице, протекле информациите дека МВР ќе апси во Арачиново и Сингелиќ. На десетина минути пред полицајците да влезат, неколку лица избегаа.

Loading