Полицијата информира дека маж се обидел да ограби маркет во скопски Карпош.
На 1o-ти јануари во 18:30 часот, полицијата добила пријава за обид за кражба во маркет во оваа скопска општина.
Според пријавата, во 15:40 часот, маж со физичка сила и закана со остар предмет се обидел да украде производи, но бил спречен.
При обидот, тој нанесол повреда на една од вработените.
Полицијата започнала истрага за расветлување на случајот.
![]()

