Дали полициски службеник го „ПРЕДАДЕ“ РАДЕ ШТЕКЛИ!?

Во ноември минатата година полицијата приведе двајца Пензионирани полициски инспектори кои со години работеле како полициски кртови за криминалната група од скопски Грчец. Пензионираните инспектори преку третото лице ја информирале криминалната група за активностите на полицијата во повеќе случаи на убиства, киднапирања и планови на полицијата.

Во 2019та полицајците во име на криминалната група дури и му се заканувале на едно лице да го смени исказот а неполна година подоцна ги известиле криминалците дека полицијата ќе прави рација поради што и пропадна големата полициска акција против оваа група во јавноста позната под кодното име Планина.

Не запреле тука. Наредната година ги информирале криминалците и за двојното убиство во скопски Чаир. Им кажале кој се е приведен, што зборувал во полициска станица и кои инспектори го работат случајот. За сите информации биле дебело платени.

Во текот на вчерашниот ден некои портали објавија вест дека висок полициски службеник остана без својот мобилен телефон. Тој  се сомничи дека одавал информации во врска со нарко клановите и Беланоца/Барон, но и со Раде Трајковски – Штекли.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во полициска акција по наредба на Обвинителството за организиран криминал лишен од слобода е Раде Трајковски – Штекли.

Тој се сомничи за трговија со дрога, а МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата група која тој ја предводел. Како што објавуваат некои медиуми, тој е уапсен при обид за бегство во близина на хотел во околината на Гевгелија.

На средината на ноември имаше експлозија во неговиот двор во Керамидница. Трајковски мина со лесни повреди и изгореници по телото. Тоа беше трет неуспешен напад врз него. Претходните два се случија во трговскиот центар „Ист Гејт“, еднаш во гаражата од возило во движење, вторпат на ескалатор, кога тој мина со полесни повреди. Истрагата претпоставува дека станува збор за напади кои се дел од престрелките на скопските криминални групи.

Loading