Какво време не очекува во текот на неделва?

Во текот на претстојнава недела нашата територија ќе биде зафатена од значително поладен воздух од североисточните и источните делови на Европа.

Овој ладен бран ќе биде релативно сув, без снежни врнежи, што значи дека нè очекува сув студ, проследен со повремено засилен северен ветер, особено во понеделник и среда.

До крајот на денот, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден, ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на планините над 1500-1600 метри надморска височина ќе има слаби врнежи од снег.

Во Скопје и околината, од утре па во текот на целата седмица, ќе се почувствува значителен пад на температурите. Особено во понеделник и среда повремено ќе дува засилен северен ветер. До крајот на денот, како и во текот на ноќта, ќе има услови за повремен послаб дожд.

Температури и временска прогноза

  • Од среда, утринските температури насекаде ќе бидат негативни, спуштајќи се во интервалот од -10°C до -1°C.
  • Во високите места, планинските региони и скијачките центри, температурите би можеле да паднат и под -10°C.
  • Максималните дневни температури ќе се движат во интервалот од 2°C до 9/10°C.
  • Во текот на неделата, времето ќе остане суво и студено, со повремено засилен северен ветер.

    Loading