ЈАСНО Е КАКО ДЕН адвокатот Јанаки Митровски реагира на изјавата на Коцевски за убиството на Фросина

Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски во емисија на ТВ 21 изјави дека Обвинителството ќе постапи професионално во случајот на Фросина Кулакова, 22-годишната модна дизајнерка од Неготино која беше усмртена на пешачки премин на булеварот „Партизански Одреди“ од страна на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа поминувала на пешачки премин.

Коцевски најави дека ќе се истражува дали возачот кој ја удрил Фросина го извршил делото со умисла или во небрежност на што реагираше адвокатот Јанаки Митровски.

„Републичкиот обвинител Љубомир Коцевски вели дека се истражувало дали Васо ќе бил обвинет за умислено сторување на делото. Што се истражува? Има долгогодишна пракса да секој еден во сообраќајка кој ќе помине на црвено, вози пијан или вози 31 над дозволеното се гони дека умислено го сторил делото, односно има dolus eventualis, евентуална умисла. Кое црно истражување ова е јасно како ден“, реагира Митровски.

Loading