Возач со џип вчера се залетал во средношколци кои организирале блокада на крстосница во градот Бечеј, во Војводина. Ова се случило за време на 15-минутниот молк за 15-те жртви во новосадската трагедија, пишува локалниот портал „Автономија инфо“.
Инцидент беше спречен бидејќи во близина имаше полицајци, по што возачот се врати во автомобилот и замина од местото, пишува порталот.
Протестите на студентите поради уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 15 луѓе, траат веќе три и пол месеци и тие во меѓувреме прераснаа во широки изрази на незадоволство од корупцијата и од состојбата во која се наоѓа српското општество.
Целото видео може да го проследите на линкот подолу:
![]()

