Од дресови до волна – Фудбалски терен се претвори во пасиште за овци

Фудбалскиот терен на некогашниот ФК Баби во Штип денеска повеќе личи на пасиште отколку на спортски објект. Наместо млади фудбалски таленти, тревникот го газат овци, оставајќи жална слика за клубот кој некогаш беше гордост на овој дел од градот, пренесува регионалната штипска телевизија – МНЕТ.

По испаѓањето во Трета лига, клубот полека згасна, а теренот остана без одржување. Жителите од околината со тага зборуваат за деновите кога ФК Баби беше препознатливо име во локалниот фудбал. Велат дека сегашната состојба е поразителна и дека градот губи уште еден спортски симбол.

„Овде доаѓаа млади фудбалери со сон да станат нови спортски ѕвезди. Денес гледаме овци како пасат на теренот. Тажно е да се види како нешто што имаше традиција, сега е оставено на забот на времето“, вели еден од соседите.

Loading