45 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА СПОРТСКА ЕКСПАНЗИЈА 2026

45 милиони денари за нов затворен базен и СПА центар: Министерот Борко Ристовски со премиерот Мицкоски во Кавадарци најавија спортска експанзија во 2026

Изградбата на спортска инфраструктура останува еден од клучните приоритети на Владата и во 2026 година. Министерот за спорт Борко Ристовски првиот ден од новата година го започна со работна посета на Кавадарци, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Митко Јанчев.

Делегацијата изврши увид во изградбата на затворен спортско-рекреативен базен, проект финансиран од Министерството за спорт со поддршка од Владата, во вредност од 45 милиони денари плус ДДВ. Проектот кој подолг период беше во застој, сега добива нова динамика и се очекува да биде завршен до крајот на август 2026 година.

Во рамките на истиот комплекс ќе биде изграден и модерен СПА центар, финансиран преку втората фаза од АА Програмата за капитални дотации на Владата.

„Ова е еден убав почеток на годината, работен почеток на сѐ она што Владата на Република Македонија, преку Министерството за спорт и другите ресорни министерства, го вложува во локалните самоуправи.“

„Базенот кој беше почнат пред повеќе години сега добива една поинаква слика и сигурен сум дека до крајот на август ќе биде завршен и предаден на Општина Кавадарци.“

— Борко Ристовски, министер за спорт

Министерот нагласи дека инвестицијата ќе донесе директни придобивки за граѓаните, а особено за младата популација.

„Сите граѓани ќе можат да ги почувствуваат бенифитите од оваа инфраструктурна инвестиција, особено децата кои ќе учат пливање, што ќе биде и главна дејност на базенот.“

„Објектот чини 45 милиони денари плус ДДВ, средства обезбедени директно од Министерството за спорт со поддршка од Владата.“

— Борко Ристовски

Во рамките на двата повици од АА Програмата за капитални дотации биле одобрени 36 проекти за изградба и реконструкција на спортска инфраструктура во повеќе од 20 општини низ државата.

„2026 година ќе биде година на градежна експанзија. Спортската инфраструктура е еден од најважните предуслови за развој на спортот и за создавање услови за активен и здрав живот.“

— Министер за спорт

Loading