Ампева со порака до сите „мамички“: Поради оваа стока, децата не ни се безбедни – Каде замина човечноста? (ФОТО)

Претседателката на Глассен Текстилец, Кристина Ампева, на својот Фејсбук профил остро реагираше на состојбата пред основното училиште „Тошо Арсов“ во Штип, посочувајќи ја небезбедноста и неодговорното однесување на возачите.

„Поради оваа стока (се извинувам на стоката), немаме ништо. И децата не ни се безбедни. Погледнете мамички и татички како се паркираат. Без осет и чувства. Откорнати заштитни огради, испокршена патека, узурпирање на патеката по која треба децата да одат. Ѓубриња. За Тошо Арсов муабетот. Морони!“, напиша Ампева.

Нејзината објава предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, со бројни коментари кои ја поддржуваат, но и со критики за проблемот со паркирањето пред училиштата.

Loading