Претседателот на МАНУ: Македонија има многу други круцијални прашања, државните симболи не треба да се менуваат

Претседателот на МАНУ, академикот Живко Попов, смета дека во овој момент менувањето на државните симболи не треба да биде најактуелно прашање, бидејќи земјата се соочува со многу други круцијални прашања.

– Овие прашања во овој момент по мене, не би требало да бидат актуелизирани. Јас лично не сметам дека симболите што произлегуваат од историски моменти поготово од револуцијата со која што настана РМ како дел од југословенската федерација, дека тие треба да бидат променети. Значи тие симболи што произлегоа, прво, од Илинденското востание 1903 година, потоа Втората светска војна, НОБ, тие се произлезени од моменти историски од исклучително значење за македонскиот народ. Според мене, тие се добри, може да се подобруваат, но симболите се добри и не би требало да се променат, смета академикот Попов.

МАНУ својот став во врска со прашањето за Академија на Албанците го има многу јасно кажано.

-Името македонска произлегува од името на Македонија. Тоа не значи дека Македонската академија припаѓа само на македонскиот народ. Таа е национална академија на Македонците како мнозински народ, се разбира пред се коишто се основачи на таа академија, меѓутоа и на сите други малцинства односно делови на народи. Според моите сознанија Академијата се движи кон јубилејот околу 60 години, истакна Попов.

Моите сознанија, истакна тој, не зборуваат дека ние имаме дискриминирано кој било што не припаѓа на македонскиот народ. Попов кажа дека ова е изборна година во МАНУ и дека сите кои ги исполнуваат условите може да конкурираат.

-Не сметам дека некој ќе биде хендикипиран и дека ќе биде дискриминиран, рече тој, додавајќи дека треба да се смета на мерит системот, на квалитетот, а не на национален клуч.

Национален клуч, потсетува тој, имаше во бившата југословенска федерација.

– Имаме изборен модел пресликан од сите околни академици, вклучувајќи ја и Р.Албанија, сите републики бивши на бившата југословенска федерација, рече претседателот на МАНУ.

Loading