Има ли нова трага каде се крие Артан Груби – за брзо време ќе се соочи со правдата

Ален Деребан, заменик министер за правда во врска со бегството на поранешниот вицепремиер Артан Груби за Гласот на Америка вели дека се во постојана комуникација со министерствата за правда од соседните држави и очекува во брзо време да биде лишен од слобода или лоциран, по што ќе ги преземат сите мерки за екстрадиција во Република Македонија.

„После распишување на меѓународната потерница за него, немаме добиено повратен одговор и поради тоа не можам точно да кажам, каде тој се наоѓа во моментов. Иако, како Министерство за правда, сме во постојана комуникација со министерствата за правда од соседните држави и очекуваме истиот во брзо време да биде лишен од слобода или лоциран, по што ќе ги преземеме сите мерки за екстрадиција во Република Македонија и соочување со правдата“, вели Деребан,

Артан Груби, второосомничен за милионски злоупотреби во Државната лотарија, се терети за злоупотреби поврзани со значителна финансиска штета. Покрај него, недостапен е и поранешниот директор на Лотаријата, Перпарим Бајрами, кој е првоосомничен во случајот.

На 15 декември, со ветување дека ќе се врати и дека е чист ко солза избега во странство поради приватни обврски и оттогаш нема трага од него.

Loading