Али не се шали: ДУИ бара предвремени избори, власта немала „етнички легитимитет“

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, синоќа од Чаир ја повика владината коалиција на партии од албанскиот блок, „Вреди“, да се откаже од владините институции и да ги напушти. Ахмети вели дека неговата партија во ваков случај не би станала дел од Владата, бидејќи за него прифатливо било само ДУИ да оди на предвремени парламентарни избори, заедно со локалните во октомври.

Според ДУИ, Ахмети во својот говор рекол дека неговата партија ќе остане „цврста во одбраната на постигнатото, во одбраната на албанскиот јазик и ќе се бори со сите демократски средства да се спротивстави на секое сценарио кое има за цел да го поткопа Охридскиот договор“.

Ахмети вели дека актуелната власт нема „етнички легитимитет“, како и дека „Албанците со крв си ги заслужиле своите права, а крвта ниту мие, ниту суши“.

Според него, ДУИ не изгубила, туку изгубиле Албанците и процесите кои се решавачки за иднината на државата. Лидерот на ДУИ повика на единство и солидарност, посочувајќи дека само сплотени и одлучни можеме да му докажеме на секој политички фактор дека нашите достигнувања, добиени со крв и жртва, никој не може да ги поништи, соопштија од партијата од Мала Речица.

Loading