Санела С. и нејзината ќерка Марија.С. изгореа синоќа во пожар што избувна во нивниот автомобил по сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во Мала Босна кај Суботица синоќа во 19 часот и 20 минути.
Кобната несреќа се случила кога Ј.Т.(52), управувајќи „пасат“, поради непрописна брзина изгубил контрола над возилото и удрил во „фиат панда“ која се движела пред него. По судирот двете возила се превртеле на покривот, а Фиатот се запалил.
Две лица од Фиатот починале на местото на настанот, додека Ј.Т. и неговиот сопатник од пасатот се пренесени во болницата во Суботица каде им се констатирани тешки телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.
Утврдено е и дека Ј.Т го управувал „пасатот“ со алкохол во крвта од 2,07 промили и по наредба на надлежен јавен обвинител во Суботица против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.
![]()

