БОМБА ВЕСТ ОДЕКНА ВО РЕГИОНОТ: Доналд Трамп Јуниор пристигна во Белград, ќе се сретне со Вучиќ

Најстариот син на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, денеска слета во Белград, дознава српски Курир од ексклузивни извори, а пренесуваат релевантните српски портали.

Според достапните информации, Трамп Јуниор ќе оствари средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а неговото доаѓање предизвика голем интерес во регионот. Засега останува непознато кои теми ќе бидат на агендата, но јавноста со нетрпение очекува детали од разговорите.

Ова не е прва посета на Трамп Јуниор на Србија. Во септември минатата година, во екот на кампањата за втор претседателски мандат на неговиот татко, тој престојуваше во еден белградски хотел, каде што се сретнал со бизнисмени и претставници на деловната елита од Романија, пренесува српски Курир.

Како еден од најважните советници на својот татко, Доналд Трамп Јуниор игра значајна улога во американската политика. Тој имаше клучно влијание во претходната претседателска кампања, а аналитичарите веруваат дека неговото политичко влијание ќе продолжи и во наредниот период.

Неговото име сè почесто се споменува во контекст на новата американска администрација. Како извршен потпретседател на Трамп Организацијата и домаќин на подкастот „Triggered“, тој активно учествува во обликувањето на политичките стратегии на својот татко. Токму благодарение на неговиот ангажман, сенаторот Џеј Ди Венс, кој некогаш беше критичар на Трамп, успеа да обезбеди номинација за потпретседателска функција.

Политичките аналитичари проценуваат дека Доналд Трамп Јуниор би можел да стане еден од најважните советници во евентуалната нова администрација на Трамп, слично како што таа улога во првиот мандат ја имаше неговата сестра, Иванка Трамп.

Loading