Српскиот претседател Александар Вучиќ објави видео порака по синоќешните настани пред зградите на РТС и РТВ.
– Уште еднаш ги повикувам сите актери на српската политичка сцена да не користат насилство во својата борба. Прифаќам дека јас сум виновен што тие фрлаа топовски удари и димни бомби кон Народното собрание на Република Србија, но ги молам да не го прават тоа повеќе и да не размислуваат за понатамошни напади врз државните институции, како што синоќа ги нападнаа РТС и РТВ.
И да ги израдувам сите политички неистомисленици, на средбата со Доналд Трамп Јуниор ќе разговарам за натамошниот економски напредок на Србија, како и за градење на сѐ подобри односи со САД. Сигурен сум дека и тие ќе се радуваат на тоа. – рече Вучиќ во објавата на Инстаграм.
View this post on Instagram
Да потсетиме дека Доналд Трамп Јуниор, синот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, пристигна во Белград, каде се очекува да оствари серија средби со високи српски претставници.
![]()

