Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сними нов бизарен видеозапис. Овој пат за рубриката „здравје и убавина“, а тајната за подмладување ја пронашол во овошјето.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави на својот профил на Тик-Ток ново видео кое со сигурност би можело да биде во рубриката „верувале или не“. Тој раскажа дека одлучил да биде послаб, но и „поубав, помлад и повеќе насмеан“, а за да го постигне тоа – ќе јаде калинки.
Вучиќ на почетокот на видеото забележа дека некои велат дека изгледа како да го исфрлила поплава и дека ова е неговиот начин да го промени тоа.
„Ова ми е најдобриот начин. Убаво, со лажица. Велат дека го намалува крвниот притисок и сè. Не верувам во ништо од тоа, но откако сфатив дека сите сфатија колку лошо изгледам и каква лоша енергија ширaм, одлучив да го променам тоа. Значи, калинка. Утре, кога ќе ме видите насмеан во Брисел со Фон дер Лаен, немојте да мислите дека се смеам како луд на брашно. Тоа е поради калинката“, рече Вучиќ.
@jasamaleksandar U naru je spas. Biću mlađi, manje debeo i nasmejaniji. 🥲 #jasamaleksandar
„Претседателе, Вие сте најважен, нема врска што образовани луѓе немаат работа во својата струка или не можат да ги прехранат своите деца. Најважно е дека Вие сте убав и среќен“, гласи еден од ироничните коментари под видеото.
Ова не е прв бизарен видеозапис на Вучиќ, всушност, ваквите видеа станаа прилично чести. Меѓу нив има и неколку вистински бисери, како оној кога му се „додворуваше“ на претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ, раскажувајќи дека знаел кога му се јавува од скриен број. Секако, не треба да се заборави ниту видеото во кое вежбаше во парк.
![]()

