Унгарскиот премиер Виктор Орбан сними видео од видиковецот над Дунав во Будимпешта и испрати порака на поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ.
„Драг Александар, драги српски патриоти, поздрав од Будимпешта. Веќе со месеци ги следиме настаните во Србија. Ситуацијата е позната – странски сили се обидуваат да се вмешаат во животите на Србите“, започна Орбан и додаде дека истото се случува и во Унгарија.
„Странските сили сакаат да им кажат на Србите како да живеат. Тоа го прават и овде. Постојано ги напаѓаат оние кои се залагаат за суверенитетот на Србија. И нас поради тоа не напаѓаат“, тврди унгарскиот премиер.
„Не сте сами, вашата борба е и наша борба. Српските патриоти можат да сметаат на унгарските патриоти. Да живее претседателот Вучиќ, да живее Србија“, заклучи Орбан.
🇷🇸🇭🇺 @PM_ViktorOrban: Стране силе хоће да кажу Србима како да живе!
„Драги Александре! Драге српске патриоте! Поздрављам вас из Будимпеште. Већ месецима пратимо шта се дешава у Србији. Стране силе покушавају да се умешају у животе Срба. Ово се дешава и код нас. Стране силе хоће… pic.twitter.com/3ibEl8uNMh
— Народни непријатељ 🇷🇸 (@PrijateljNaroda) April 10, 2025
Потсетуваме, медиумите блиски на режимот на Вучиќ пишуваа дека Србија и Унгарија на почетокот на април договориле воена соработка. „Бомба која ја тресе регионот“, „Историски момент“, „Нови докази за железно пријателство“, се само некои од фразите со кои државните медиуми го опишаа формирањето на сојузот, пишува Нет.рх.
![]()

