„Подготвени сме за најлошото сценарио“ – Европа на нозе, сега и Србија формира кризен штаб поради опасниот вирус 

Земјите на Европската унија воведуваат вонредни мерки поради ширењето на вирусот. Ова заразно заболување повторно станува актуелно и во регионот, а надлежните во Србија формираа кризен штаб со цел да се засилат контроли и да се преземат заштитни мерки за да го спречат влегувањето на болеста во земјата.

Шап и лигавка, некогаш сметана за искоренета болест, повторно претставува закана за домашните животни во регионот. Ова опасно вирусно заболување, кое најмногу ги зафаќа папкарите – свињи, овци, кози и говеда – се шири исклучително лесно.

Појавата на случаи во Германија, Унгарија и особено во Словачка сериозно ја алармираше Европа како и целиот регион. Станува збор за инфекција која се пренесува на сите можни начини – преку воздух, храна, контакт, па дури и преку ветер.

Вирусот може да се пренесе и преку луѓе – иако луѓето не можат да заболат, можат да станат преносители. Во Словачка, на пример, инфекцијата била пренесена токму од човекови фактор од фарма во Унгарија.

Симптоми на шап и лигавка кај луѓе (ретки случаи)

Симптомите обично се благи и сами од себе исчезнуваат:

непријатни пликови на рацете

температура

болки во грлото

пликови на стапалата и во устата, вклучувајќи го јазикот

Вирусот на шап и лигавка може долго да преживее во свежо, делумно сварено, суво и димено месо, како и во неадекватно пастеризирани млечни производи.

Болеста се шири брзо преку директен контакт помеѓу животните.

Луѓето вирусот можат да го пренесат механички – преку раце, облека, обувки и превозни средства.

Loading