Њузвик процени колку пари може Гренланд да ги чини САД

Објавата се врз основа на сопствени проценки на Њузвик.

Купувањето на Гренланд од Данска би можело да ги чини САД повеќе од 2,2 милијарди долари, заедно со дополнителни годишни исплати од над 600 милиони долари, објави њујоршкиот неделник Њузвик врз основа на сопствени пресметки.

– Вкупната понуда на американската влада до Данска би можела да надмине 2,2 милијарди долари – се наведува во написот на американскиот неделник.

Трамп не е првиот американски претседател што изразил интерес за Гренланд, бидејќи претседателот на САД Хари Труман во 1946 година ѝ понудил на Данска 100 милиони долари во злато за ова острово, што денес би изнесувало околу 1,6 милијарди долари.

Њузвик наведува дека до износот од 2,2 милијарди долари дошол со собирање на понудата од Труман во 1946 година со вклучена инфлација, на што се додадени 600 милиони долари што Трамп ги предложил како годишна компензација за Кралството Данска.

Loading