Премиерот на Косово, Албин Курти, поднесе оставка

Премиерот на Косово, Албин Курти, денес поднесе оставка од функцијата премиер, а одлуката ја соопшти преку писмо упатено до Секретаријатот на Собранието на Косово.

Оставката следуваше откако започнаа постапките во рамки на конститутивната седница на деветтиот состав на косовскиот парламент, што се одржува во Собранието, на која пратениците ќе дадат заклетва и ќе изберат нов претседател на Собранието, како и потпретседатели.

Според законите на Република Косово, сите кои стануваат пратеници, а претходно извршувале извршни функции во владата – како што се премиер, министри или заменик-министри – се должни да поднесат оставка од своите функции за да можат да го преземат пратеничкиот мандат.

Курти оставката од местото премиер ја поднел до претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца, и нагласил дека одлуката ја донел за да може да даде заклетва како пратеник во новиот состав на Собранието на Косово.

Loading