Денеска посебен режим низ центарот во Скопје, не тргнувајте на работа со автомобил

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести по што ќе следи тет-а-тет средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Според агендата, планирано е состанок да одржат двете делегации по што за во 11:20 часот е најавена прес-конференција на двајцата претседатели.

За време на посетата на хрватскиот претседател. во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Loading