Како што посочија од амбасадата во Скопје, со потпишувањето на договорот значи дека Владата на Обединетото Кралство и британските бизниси работат во партнерство со Владата на Северна Македонија и нивниот локален синџир на снабдување за реализација на инфраструктурни проекти низ земјата
Со потпишувањето на партнерството „влада со влада“ се одбележува нова ера во односите меѓу Велика Британија и Северна Македонија, што ќе ја зголеми трговијата и ќе го поттикне економскиот раст, соопшти Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.
Оттаму велат дека ова партнерство ја поддржува реализацијата на клучни инфраструктурни проекти во различни сектори, како транспорт, здравство, енергетика и технологија.
„Ќе може да се потпре на широк спектар на поддршка, вклучително за програми за техничка помош и до пет милијарди фунти поддршка за финасирање проекти во Северна Македонија“, се вели во соопштението од амбасадата.
Со потпишаното партнерство „влада со влада“, како што посочуваат од амбасадата во Скопје, се нагласува посветеноста на двете земји да соработуваат на клучни инфраструктурни проекти за социјални, економски и еколошки придобивки.
Со искористување на експертизата и иновациите од двете земји, партнерството ќе го поттикне развојот на инфрастурктира.
„Размената на знаење и најдобри практики меѓу нашите две земји ќе биде од централно значење за овој G2G, црпејќи од експертизата во соодветните инфраструктурни области на двете земји. Ова значи дека Владата на Обединетото Кралство и британските бизниси работат во партнерство со Владата на Северна Македонија и нивниот локален синџир на снабдување за реализација на инфраструктурни проекти низ земјата. Овој пристап ќе генерира взаемни придобивки за двете земји преку споделување на иновации за испорака на отпорна инфраструктура што го поттикнува растот“, велат од амбасадата во Скопје.
![]()

