(ВИДЕО) Томас Вајц: Нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик

Во пресрет на гласањето за извештајот за земјава во Европскиот парламент, го прашавме известувачот за С Македонија, Томас Вајц, за тоа што содржи документот кој беше нападнат од бугарските медиуми зашто имал, како што беше пренесено, промакедонски позиции.

„Во нацрт-документот, таков како што е сега, има неколку референци за признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Лично ми е жал што ова е потребно, бидејќи нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик. Лично, не би гледал потреба тоа да се каже. Но, поради некои прашања што беа поставени, особено од бугарската страна, дека македонскиот е независен јазик што се разликува од бугарскиот и дека македонскиот идентитет беше доведен во прашање не само од бугарските соседи, туку и порано од грчките соседи, потребно е да се спомене ова, и тоа е вклучено во нацрт-извештајот“, вели Вајц.

360°: Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент наредната недела ќе го разгледа извештајот за Северна Македонија.Како овој документ се осврнува на блокадата во пристапниот процес и каде го гледате излезот за продолжување на евроинтеграциите?

Томас Вајц: Па, извештајот ќе биде гласан дури следната недела, така што конечниот резултат ќе биде познат тогаш, кога ќе видиме како гласале различните членови на Европскиот парламент, особено во Комитетот за надворешна политика. Но, подготвениот нацрт јасно ги адресира потребните чекори за следната фаза – отворањето на преговорите. Во основа, повторно се истакнува она што Европската комисија веќе јасно го кажа – дека треба да се вклучат неколку малцинства во Уставот, односно таканаречените уставни измени, за конечно да можеме да започнеме со пристапните разговори, со суштинската работа во пристапувањето. Овие уставни промени се прогласени за заеднички интерес на Европската Унија, Северна Македонија, а и Бугарија се согласи да не го блокира процесот ако овие измени бидат усвоени во парламентот.

360°: Значи, ова, јасно, е единствениот пат напред?

Томас Вајц: Ова беше договорено во порана фаза. Тогаш јас сè уште не бев известувач, така што ова е договорот што Северна Македонија го потпиша со Комисијата и со Европската Унија, со согласност на Бугарија, и ова е патот напред, да.

360°: Бугарските медиуми известуваат, а има и изјави од високи претставници во Скопје, дека документот на неколку места се однесува на признавање на македонскиот идентитет и јазик. Може ли да ни објасните за што станува збор?

Томас Вајц: Во нацрт-документот, таков како што е сега, има неколку референци за признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Лично ми е жал што ова е потребно, бидејќи нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик. Лично, не би гледал потреба тоа да се каже. Но, поради некои прашања што беа поставени, особено од бугарската страна, дека македонскиот е независен јазик што се разликува од бугарскиот и дека македонскиот идентитет беше доведен во прашање не само од бугарските соседи, туку и порано од грчките соседи, потребно е да се спомене ова, и тоа е вклучено во нацрт-извештајот. Јасно се споменува реалноста на независниот македонски идентитет и јазик.

360°: Ќе има ли за ова мнозинска поддршка во парламентот и имате ли притисок од бугарските колеги европратеници?

Loading