Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, извести дека вчерашниот протест во Белград, организиран од студентите, „прерасна во насилство по 21 часот, кога група лица напаѓаше полиција и обезбедување, предизвикувајќи сериозни инциденти“.
„Полицијата ги предупреди учесниците неколкупати да престанат, но откако обезбедувањето се повлече, тие нападнаа полицајци на улица Кнез Милош. Во тој судир беа повредени вкупно 48 полицајци, меѓу кои еден доби тешка повреда на глава и скршена јагодица, најверојатно од удар со камен“, изјави Дачиќ.
Тој нагласи дека голем број полициска опрема е уништена, а 38 лица се уапсени. За 35 се поднесени кривични пријави, а за 26 се водат прекршочни постапки. Од Брза помош побарале лекарска помош 22 граѓани, од кои двајца се со тешки повреди.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој се обрати од Палата Србија, рече дека „Србија ќе продолжи напред и во вакви услови, бидејќи со насилство не може да се победи државата“. Тој најави скоро отворање на нов сегмент автопат (Паковраќе–Пожега), како и пуштање на пругата Ниш–Брестовац за товарен сообраќај во јули, а за брз воз кон крајот на август, со прогнозирана брзина која ќе го скрати патувањето Белград–Суботица на час и 10 минути.
Во својот говор Вучиќ истакна и нови инвестициски проекти во Србија. Тој изјави и дека граѓаните не треба да стравуваат од поскапувања на намирниците и најави дека зголемувањето на пензиите ќе се случи пред предвидениот рок – на 1 ноември.
![]()

